Научниците се сомневаат во вистинитоста на една од најголемите египетски легенди

0

Научниците од Универзитетот во Манчестер ја отфрлија вистинитоста на популарната легенда за смртта на египетската кралица Клеопатра, каде се вели дека таа умрела како последица на каснување од змија, пренесува BBC.

Клеопатра, која умрела на 39 -годишна возраст, триесет години пред Исус Христос, била египетска владетелка. Приказната за нејзината смрт стана популарна откако беше пренесена многупати на филмското платно. Египтологот  Џојс Тилдисли и херпетологистот Ендру Греј, тврдат дека наводниот виновник, кобрата, е физички преголема за да може да се скрие на начинот на кој е прикажано во легендата. Станува збор за змија која достигнува големина до 2,5 метри должина.

Дури и да се прокриумчари до Клеопатра, многу е мала веројатноста дека ќе ја убие кралицата и двете слугинки за толку кратко време.

“Но тоа не значи дека кобрата не е опасна. Ако пушти отров, сигурно жртвата ќе умре, меѓутоа релативно бавно. Затоа е невозможно змијата толку брзо да преминува од една на друга личност и да ги касне со брзина на светлината” – вели Ендру Греј.

Сепак, со ова не се решава мистеријата околу смрта на Клеопатра. Многу нејасни работи за кои ќе треба подлабоко да се навлезе во историјата за да се дојде до вистинската причина за нејзината смрт.