Научниците потврдиле – мажите кои се вистински заљубени, никогаш не преболуваат

0

Сте се запрашале ли некогаш дали им е и на мажите тешко кога ќе раскинат со жената што ја сакале? Или се само жените тие што не можат да ја поднесат болката?

Според едно скорешно испитување во Америка, утврдено е дека некои мажи никогаш не ја преболуваат жената што ја сакале.

Истражувањето во САД е спроведено на околу 2000 испитаници и тоа мажи во нивните 40-ти години. Ним им биле поставени прашања поврзани со жените што ги сакале пред шест години и истите прашања им биле поставени пред неколку месеци.

По раскинувањето жените страдаат, па покажуваат екстровертност, додека мажите станувале емоционално нестабилни и интровертни.

Во уште една слична студија учествувале 5706 лица од 96 земји, и нивните одговори покажале дека по раскинувањето мажите страдале подолго од жените.

Мажите кои вистински сакаат силно и долгорочно го чувствуваат раскинувањето. По некое време тие сфаќаат дека ја направиле најголемата грешка што ја останиле жената што ја сакале да си замине од нивниот живот или што биле толку неподносливи што ја натерале да си отиде самата.

Ним им треба подолго време да сфатат што изгубиле и многу подолго да се справуваат со последиците.

Но, на сето ова влијаат и нашите лични уверувања на секој човек. Сите луѓе реагираат различно на раскинувањето зависно од својот карактер. Некои тоа го преболуваат со нова врска, некои со алкохол, некои со дружење со пријателите.

На крајот на денот, без оглед дали станува збор за маж или за жена, секој човек има барем една личност во животот којашто никогаш нема да ја заборави и да ја преболи, колку години и да се поминати.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот