Научниците велат: секојдневното туширање не е здраво

0

Кога луѓето велат дека не се тушираат секој ден тоа го сметаме за чудно или нехигиенски.
Но, дали тушрањето секојдневно е задолжително?
Всушност не. Научниците велат дека тоа не е е здрава навика како што повеќето од нас мислат.

Доктор Кеси Карлос, асистент професор на медицинскиот одел за дерматологија на универзитетот во Калифорнија Сан Диего, вели дека премногу туширање не е здраво.
Карлос објаснува дека всушност е тешко да ги натераш луѓето да користат сапун само кога тоа е навистина потребно.

Науката за кожата е едноставна- сапунот ја отстранува масноста на кожата. Прави кожата да стане сува и со крута текстура.
Тој исто така посочува дека сапунот треба да се нанесува само на одредени места како- стапалата, препоните и пазувите. Што се однесува за останатите делови како градите, грбот и нозете, тој вели не. Зошто?
Бидејќи телото има зачудувачка сила да се чисти само до себе.

Еве неколку причини зошто туширањето секојдневно не е добра навика за телото:

– Горниот слој на кожата се состои од мртви клетки кои ги штитат основните слоеви на кожата;

– Горниот слој се одржува со масти или липиди кои се одговорни за влага;

– Кога се туширате или триете го отстанувате овој заштитувачки слој;

– Колку повеќе се туширате толку повеќе го оштетувате горниот слој;

– Поради честото туширање, кожата нема време да го поврати природното производство на маснотии;

-Ги спречува “добрите” бактерии од растење на вашата кожа. Оваа добра бактерија е од корист за заштита на вашата кожа и телото од инфекции;

-Тоа е лошо и за вашата коса. Негативни последици вклучуваат сува, безживотна коса која е склона кон првут.

Всушност туширањето секојдневно не само што е штетно за здравјето на кожата туку може да предизвика и доста непријатни реакции. Вашата кожа може да се чисти сама по себе, но секако ќе биде потребно малку повеќе време додека го прифатите тоа и секако доколку сметате дека е добро ако се обидете.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.