Научете како да препознаете настинка, а како грип

0

Дури 85% од акутните респираторни инфекции предизвикуваат вируси, а не постојат факти и сигурни специфични против вирусни лекови за инфекциите.

Тие најчесто се лечат дома, со квалитетна хидрација и лежење, одмор, а никако со антибиотици.

Сепак, во овој зимски период респираторните проблеми се најчести причини за посета на лекар, а наместо со веќе ослабнат имунитет да се појавите во чекална преполна со бактерии, почекајте да видите за што се работи, дали за настинка или грип – а потоа побарајте го лекарот.

Настинка

На почеток, првиот и вториот ден, симптомите се појауваат постепено. Потоа ќе почувствувате тежина во дишењето, затнат нос, ќе кивате, а најдобар начин на подобрување на ситуацијата се капките и спрејови за нов на база на морска(солена) вода.

Ако кашлате и чувствувате болка во грлото, користете таблети за грло кои се лижат и делуваат антисептично, ја смалуваат болката во грлото, како и кашлицата. Ако сè уште трае настинката и после 5-6 дена, можно е да се  појави зголемување на температурата – затоа е потребно повеќе течности и одмор.

Компликации:

Компликациите се јавуваат многу ретко кога станува збор за настинка, но сепак може да дојде до бактериски инфекции на средното уво или синусите, случаи кога се појавува висока температура со треска и растечен нос, јака кашлица со гнојно грло и болка. Веднаш посета на лекар.

Грип

Грипот најчесто не ‘руши’ од нозе, односно се појавува нагло, а може да трае 10 дена и подолго. На почеток се јавува зголемена телесна температура, која е над 38 степени, потоа треска, болниот најчесто чувствува болка во мускулите и зглобовите, слабост, снеможеност и главоболка. Овие симптоми траат 7-8 дена, а се советува да се лечат со средства за намалување на температурата, да се земаат многу течности и одмор во кревет.

Компликации

Кога станува збор за бронхитис и воспаление на белите дробови, тогаш се влошува состојбата на болниот, можно е да се јават бактериски компликации на кои укажува телесната температура од 40 степени, потоа силна болка во грлото и зголемени лимфни јазли на вратот, искашлување, отежнато дишење, дури појава на осип на кожата.

Штом се појават овие знаци, важно е веднаш да се посети матичниот лекар, за да се спречат какви било последици.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.