Настани што ја одбележаа минатата недела

0

Изминатата недела беше исполнета со бројни настани на кои вреди да се навратиме.

На 16 ноември, во „XO club“ се одржа IT Charity, хуманитарен музички настан во организација на ИТ секторот на Македонија. Собраните средства се наменети за СОС детското село.

Во киното Фросина се одржува 15 Фестивал на европски филм, „Синедејс“. Затворањето е закажано за утре (19 ноември), а како специјален гостин е најавен холивудскиот актер Елајџа Вуд. Во официјалната програма се прикажаа 8 филма.

wooden_wisdom-770x577

Во организација на Институтот за старословенска култура од Прилеп, во спомен куќата на Татарчеви во Ресен беше отворена изложбата „Иванки“ од авторите Мери Стојанова и Ели Луческа.

Во Домот на културата Илинден во општина Илинден се отвори изложба на ликовните уметници Живка Коцева, Новица Трајковски, Беди Ибрахим од Македонија и Олга Панкина од Русија, под името „Artists of Globe“.

Во мултимедијалниот културен центар Матица беше промовирана Монографија за сликарството на Павле Кузмановски.

Во организација на Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“, во Велес беа отворени 49. Детски Рацинови средби.

15128791_1139657349421568_14174096_n__1479462169_31-11-105-173

Во рамките на „Кавадаречка културна есен 2016“, во Домот на културата во Кавадарци е отворена изложба на ликовниот уметник Горан Боев.

Во мултимедијалниот центар „Матица Ексклузив“ се промовираше книгата за деца „Царка Ветарка“ од Љубинка Донева.

ff170f89-3dac-4e69-ab89-8b883b5b5e7d_cx0_cy4_cw0_w987_r1_s_r1

Во Театарот за деца и младинци на 16 ноември се одржа премиерата на новата престава за деца, „Гига мега бајка“, а во режија на Хана Миленковска. Претставата е спој на делови од приказните „Црвенкапа“ и „Заспаната убавица“.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.