NASOMATTO – парфеми кои го опишуваат животот

0

Кога почнувам да правам нешто, доаѓа момент кога тоа што го правам добива свој карактер, односно прави сопствен избор. Тоа е процесот кој ме интересира и ме води напред. Ми се допаѓа чувството на губење контрола, односно сознанието дека не сум едниствениот кој прави нешто.

Мојата главна цел е да создадам нешто што ќе има живот и ќе раскажува приказни. Сакам моите парфеми да постојат сами за себе. Не да бидат робови само на значењeто кое јас сум го дал.

-THE NOSE

Nasomatto Duro

Ова шише е дел од проектот Nasomatto. Мирисот цели кон тоа да ја подобри целата манифестација на машката сила.

Тешко е да се биде маж. Потребна е храброст да се биде силен. Duro е мирис кој хипнотизира и ја подобрува машката интерпретација. Идејата за чиста сила, машка сексуалност и издржливост е зачувана во едно шише.

Мотивиран од се што претставува некаква тежина, пакувањето е порака за себе и покана во исто време да се проба мирисот. Капачето на Duro е направено од еден од најцврстите видови дрва – венге, а целото пакување е произведено во Италија.

Nasomatto Narcotic Venus

Мирисот е резултат на потрагата за интензивна зависност од женската сексуална моќ.

Narcotic Venus е еликсир на привлечноста кој ја буди сексуалноста. Ова е магична напивка која ја издишува сексуалната моќ.

Со цвет од бразилска мангуба, оваа мешавина на мириси е рефлескија на Венера, посвета на божицата на љубовта и посвета на ултимативната женственост и сензуалност. Капачето направено од диво зебра дрво, а целото пакување е произведено во Италија.

Nasomatto Silver Musk

Триумф на недопирливата надмоќ. Silver Musk ги претставува недопирливите соништа и фантазии. Ако се обидете да ставите прст на тоа – нема да најдете ништо. Ако ја отворите раката, совршнството ќе се појави само. Мирисот го негува концептот на идол, на магнетизам движејќи кон совршеноста која е далеку, недопорлива и обожавана.

Silver Musk е секаде и никаде во исто време. Станувате тоа што најмногу го сакате. Ова е ода за супер хероите.

Капачето на шишето е направено од дрво од орев.

Nasomatto Absinth

Absinth e најлуксузниот вид на лудило. Забранетото овошје кое сакате да го имате. Бегство во центарот на хистеријата каде што лежи вистинското значење на животот. Маестрално дело кое што е направено во најдлабоките моменти на делириум, со капка абсинт после што сите ја гледаат вистинската слика за тоа што се.

Која е вредноста на животот? Животот вреди да се живее, да се ужива во него и да се смее низ него. Капачето на шишето е направено од маслиново дрво.

Nasomatto China White

Ова претставува покана за патување на кое ќе ја откриете силата на фрагилноста. За да може една личност да поднесе ова патување, потребно е да ја активира сентименталната состојба на умот, да се сети на она чувство на носталгија и да ги разбуди своите најдлабоки фантазии. Исто како со порцеланот, оваа приказна треба да биде насликана пред да биде ставена глазурата на крајот. Ќе остане непроменета, до крајот, додека не биде скршена.

China White го буди чувството на семоќност и на фрагилност во исто време. Тоа е мешавина од нежни бели цветови со тешко дрво. Сега знаеме дека најсилните се и најкревки.

Капачето на шишето е направено од нежна керамика.

Nasomatto Black Afgano

Беа потребни 6 години чувствување, пробување и креирање на Black Afgano. Потребни се само две работи кои треба да ги направите: да вдишете и да издишете. Ништо не поважно од овој момент на среќа.

Капачето е направено од изгорен даб.

Nasomatto Pardon

Стилот е се. Pardon ја предизвикува внатрешната личност – замислете еден убаво облечен господин во автомобил класика со кожена внатрешност. Тој е тука не само за да преживее, тој е тука да остане и да го покаже неговиот стил. Тој е човек кој носи повеќе на овој свет, отколку што зема. На овој начин се слави стилот во животот, машката елеганција и шарм.

Nasomatto Blamage

Очекувањата кои ги имаме во животот, често пати знаат да не остават разочарани. Blamage е за неуспехот во животот. Грешките кои ги правиме се врата кон напредокот и успехот. Мирисот нè потсетува на тоа дека не треба да се предадеме, туку да продолжиме напред. Неуспехот е главен фактор во креирање на успешно маестрално дело. Капачето на парфемот е направено од лешниково дрво.

Nasomatto Baraonda

Русите често велат: „Ајде да зборуваме за душата“. Оваа постапка обично е проследена со алкохол во доцните часови во ноќта кога се зборува за историја, љубов, живот, политика и филозофија.

Baraonda е духот на животот во едно шише парфем. Деликатна креација која се стопува со мирисот на виски, луцидното сонување и реалноста, акции и реакции.

Тоа е сензорен ураган кој е обвиткан со ароматични мириси , но и со мирис на старо буре и овошни ноти.

Инспирирно од „Moscow-Petushki“ на Venedikt Yerofeyev, Baraonda ја покажува суштината на патувањето на московската станица. Тоа е поема која нема кочници и граници.

Парфемите Nasomatto можете да се најдат само во Анабела Мериот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот