Насмевни се, утро е

0

Познавам луѓе кои воопшто не ги сакаат утрата. Тоа за нив значи борба со алармот, прекривки кои те молат да останеш во кревет, затемнети прозорци кои ја кријат убавината на денот.

Познавам и такви што ги сакаат утрата. Се радуваат на уште еден нов ден во нивниот живот. И се пронаѓам во вторите.

За мене, утрото е магија.

Можност да се расонам, размрдам и да ги остварам моите соништа. Секое утро е нова и посебна приказна. Балкон украсен со цвеќиња, две дрвени столчиња со карирани перничиња и инпровизирана масичка, така изгледа градината на мојот живот.

Мирис на штотуку направено кафе, баш по моја мера, колачињата направени по рецепт на баба, весникот кој само што пристигна во моето поштено сандаче. Пред мене, градот кој се буди, се растрчува, луѓе кои задоцниле на работа, сонувајќи.

Утрата се дел од денот кој не би ги сменила за ништо. Бидејќи тие се потсетник дека живеам, дека можам нешто да променам, дека баш ова утро можам да ја разбудам подобрата јас. Ова утро сфаќам дека луѓето кои ги сакам од денеска ги сакам уште повеќе. И ветувам дека ќе ги гушкам премногу, оти по години тоа „премногу“ може да биде малку…

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот