Насмевнете се – животот е убав

0

Понекогаш е тешко да се почне денот со насмевка. Постојат ситуации и околности во кои се наоѓаме каде смеењето ни е последна работа на ум или пак еднoставно не му е место. Но, направeте напор денеска и насмевнете се барем еднаш ако не повеќе, а еве и зошто:

Смеењето е добро за здравјето. Ова веќе го знаете но убаво е да го повториме.Со смеењето го смалувате хормонот на стрес и го зголемувате протокот на крв, а на тој начин го штитите срцето од неправилна работа. Се зајакнува имуниот систем што во превод значи дека и телото станува поиздржливо.Се ослобидува и ендорфин во мозокот, а заради тоа се чувствуваме убаво и позитивно.

Смеењето ги зајакнува меѓучовечките односи, што значи немојте да бидете тип кој шири негативна енергија околу себе бидејќи смееењeто ги привлекува луѓето кон вас. Тоа ќе го подобри вашиот социјален статус во друштвото.

Со смеењето го менувате погледот кон светот. Почнувате во сè да барате позитивна страна. Така, ќе го намалите стресот, а обврските ќе почнете да ги решавте со време.

Смеењето ве прави поатрактивни бидејќи луѓето кои се смеат се позабележителни од останатите. Престанете да се гледате во огледало, тргнете ја шминката и покажете го вашето лице украсено со насмевка.

И не заборавaјте секогаш да се пошегувате на сопствена сметка. Тоа прави чуда во друштво, посебно ако сте на прв состанок со потенцијален партнер.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.