Наскоро почнува фестивалот „Лица без маски“

0

Фестивал на професионалната независна театарска продукција “Лица без маски“   по 9-ти пат ќе се одржи од  9ти до 12ти април под мотото „Остани стабилен“.

Свеченото отворање ќе биде со гостите од Белград, театарот „Лудум Лудум“ со претставата „Собуј ги чевлите“.

Сите работилници ќе бидат отворени за пошироката публика, а на крајот ќе бидат доделени и награди: Гранд При, Награда за најдобра режија и Награда за најдобро актерско остварување. Наградите ги доделува тричлено жири составено од актерките Магдалена Ризова Черних и Ирена Илиевска и режисерот Синиша Ефтимов.

Фестивалот го организира независниот театар „Театар 007“ со поддршка од Градот Скопје и Министерството за култура.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот