Наскоро, отворање на летната тераса на ресторанот „Електра Гарден“

0

Април е месецот кога природата се буди, кога добиваме нова енергија и потреба да бидеме повеќе надвор, на чист воздух и отворен простор, каде што можеме да уживаме под сончевите зраци.

Ова е период од годината, кога времето нè повикува да бидеме надвор од дома.

Средби со пријатели, родендени, прослави, заеднички моменти кои ќе останат запаметени.

Токму затоа, оваа сабота, на 28 април, ве каниме на официјално отворање на летната тераса во ресторанот „Електра Гарден“ во Брвеница.

Летната тераса на ресторанот ќе биде во обновен амбиент, ново мени, дополнителни содржини и многу други изненадувања.

Отсега, вашите прослави и неофицијални дружби планирајте ги на отворено.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.