Наскоро ќе плаќаме со помош на прстен

0

Модерната технологија во огромен дел го промени нашиот живот, од начинот на кој комуницираме, па се до начинот на кој плаќаме низ продавниците. За нашите баби и дедовци, кредитните и дебитните картички беа чудо, повозрасните лица денес се чудат како плаќаме со мобилен телефон, а веројатно наскоро ни доаѓа уште еден нов и невообичаен метод на плаќање.

Имено, моментално се тестира методот на плаќање со Visa Payment Ring, односно ни доаѓа смарт прстен со вграден чип со кој ќе може да плаќаме насекаде низ светот.

Прстенот нема дисплеј, лозинка или батерија, работи само со помош на чипот и терминалот, директно е поврзан со вашата сметка, а доколку го загубите, може во истата секунда да го деактивирате преку интернет.

Прстенот ќе биде тестиран и на овогодинешните Олимписки игри во Рио де Жанеиро, каде определен број на судии ќе имаат можност да плаќаат во Олимпиското село со овој прстен и негово доближување до ПОС – терминалите.

Се очекува оваа технологија да биде достапна за масовна употреба кон крајот на идната година.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот