Наскоро ќе може да се комуницира со мислите

0
Фото: Museum of the future,Dubai

Неврохирургот Ерик Леутхарт од Универзитетот во Вашингтон смета дека во иднина на луѓето ќе им бидат вградувани миникомпјутери во мозокот, и тие ќе бидат еден вид „суперлуѓе”, кои ќе комуницираат меѓу себе и со апаратите само преку мислите.

Леутхарт објаснува како „телепатите” ќе можат да пренесуваат информации на други луѓе, но и на машини, користејќи ги мозочните чипови. Како што компјутерите стануваат се помали, наскоро ќе можат, без поголеми проблеми, да се вградат во мозокот.

– Прашање е само кога – дали тоа ќе се случи за десет или сто години. Станува збор за неизбежна фаза од развојот на човештвото, наведува Леутхарт, кој е и автор на есеј под наслов „Како да го подготвиме општеството за промените кои доаѓаат”.

Имајќи ја предвид брзината со која технологијата се менува, многу е веројатно – се што сега го собира во еден мобилен, на пример, за 20 години да може да се смести во „зрно ориз”.

– Толку мал уред би можел да се смести во човечка глава на минимално инвазивен начин, со што би можело да ги врши функциите потребни за да се формира мозок-компјутер, додава Леутхарт.

„Тесла“ веќе работи на технологии за поврзување на човекот со компјутер. Илон Маск смета дека „невронскиот чип” ќе може да им помогне на луѓето со тешки мозочни повреди, а тоа може да стане реалност за четири години.

Извор: mia.mk