Наскоро Clearview започнува со обука за ПР професионалци

0

Од 24 октомври започнува академијата за ПР професионалец во организација на Clear View Бизнис Тренинг Центар. Оваа академија е наменета за луѓе кои веќе работат во ПР и маркетинг секторот, но и за оние кои сакаат да се збогатат со познавања од оваа област, и за студенти.На оваа академија посетителите ќе имаат можност да се запознаат со ПР-от како професија можностите кои ги нуди, како и дел од тајните на успехот за една компанија, институција или пак личност, како полесно да ги совладаат препреките во работата, негативните ситуации или пак како најлесно да креираат имиџ на компанија, личен или пак имиџ на конкретно лице.

Според Марко Костадиновски, кој е инструктор по ПР во Clearview и сопственик на агенцијата за односи со јавност Why Not Communications, секој оној кој ќе ја посети оваа акдемија ќе се стекне со големо знаење и усовршување во ПР професијата.

Нашата цел е да постигнеме едно квалитетно познавање од ПР-от како професија. Се повеќе се соочуваме со луѓе кои прават штета на професијата во која работиме, и токму затоа преку оваа академија ќе успееме да придонесеме нашите посетители да се стекнат со квалитетно знаење, напредни вештини, и да стекнат искуства од праксата која јас и моите пријатели, гости предавачи ќе им ја пренесеме.” – истакнува Марко Костадиновски, инструктор во Clear View Бизнис Тренинг Центар.

Академија за ПР професионалец ќе биде во 80 часови и ќе има за цел да ги запознае учесниците со суштината на односите со јавноста и деловната комуникација. Преку оваа програма ќе имаат можност да се стекнат со неопходните знаења за односите со јавноста, како и за придобивките, за начинот на комуникација, за говорот на телото, за зголемување на самодовербата во носењето на одлуките, за менаџирање на стресот кој го носи оваа професија. Исто така, учесниците ќе можат да слушнат и за транзицијата од традиционалните алатки со неопходните модерни алатки. Повеке информации за ПР академијата има на официјалната страна на Clear View

Clear View е Бизнис Тренинг Центар (BTC) Clear View Бизнис Тренинг Центар веќе 13 години ги едуцира вработените на најуспешните македонски компании преку високо квалитетни тренинзи со искусни предавачи. Оперира како прв лиценциран бизнис тренинг центар во Македонија. Развивајќи се динамично, денеска може да се издвојат следните позначајни партнерства: со најреномираниот центар за едукација на информатичка технологија – Семос Компјутерски Образовен Центар; партнерството со Адижес Институтот, од Санта Барбара – Калифорниjа, САД, партнерсвото со Adizes South East Europe (ASEE), и партнерството во полето на Интернет маркетинг со EC Council.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.