Нашето внатрешно дете – извор на енергија и ентузијазам

0

Длабоко внатре во вас, сите  криете едно детенце кое копнее за љубов и прифаќање.

Не е толку важно колку години имате сега, вашето внатрешно дете сте токму вие кога сте биле деца!
За да го разберете тоа, затворете ги очите за миг и замислете како сте изгледале кога сте биле на возраст од 6 години, како сте се облекувале, каква ви била косата.. и погледнете убаво каков ви бил погледот ? Што има во погледот на тоа дете пред вас? Во неговиот поглед ќе го видите тоа што ви недостига сега и овде!
Токму тоа ваше внатрешно дете, стои некаде длабоко во вас! Тоа дете е извор на вашата енергија и животен ентузијазам или вашата радост, блискост, спонтаност и интимност.

За да го разберете ова мора да сфатите дека децата кога се мали имаат тенденција да веруваат, дека секогаш кога има некаква караница или проблем, проблемот се тие самите. Децата мислат дека само тие се одговорни, за љубовта што ја добиваат од своите родители или старатели.

Детето размислува вака:

„Сигурно нешто не е во ред со мене, штом ова се случува. Јас не сум доволно добар, јас не сум доволно вреден“. Овие мисли се добиени од вашата најрана возраст, влијаат врз тоа како го живеете животот сега и овде!
Сите вие како што стареете, во себе ги носите залепени овие лажни верувања па така полека го губите контактот со вашето внатрешно дете. Сепак, растете во овој свет полн со предрасуди , игри и натпревари, па често исплашени за себе или некој свој близок, вие како личности се затварате, плашејќи се дека ќе бидете повредени и така полека, година по година го губите контактот со него или со вашата радост и вашиот ентузијазам. Затоа некогаш среќаваме луѓе кои се живи, но од внатре чувствувате дека не живеат !
Внатрешното дете ги знае вашите најдлабоки потреби и желби. Вашите радости, вашиот ентузијазам, знае кого сакате, кого не сакате како човек или пријател.
Сé знае за вас, дури и најскриените стравови, најголемите таги и разочарувања. Него не можете да го излажете.
Всушност, вие тоа и правите секојдневно, го лажете вашето дете ! Внатре во вашата глава му велите:
„Види колку е добар овој човек каков пријател ти е“.
А „тоа” ви вели:
Не му верувај! Оди си!…
Или „тоа ” вели:
„Јас го сакам ова! Се радувам кога играм на музика“-  додека гласот на совеста вели: „Глупости, имаш 45 години и ќе играш, сега сите ќе ти се смејат“.
Е ваков дијалог се случува во секој од вас, секојдневно, некогаш свесно некогаш не свесно!

Постојат различни психотерапевтски или бихевиорални начини за да ги откриете дијалозите кои ви „шетаат”во главата. Но тука, ви предлагам да ја откриете шемата на вашите мисли преку внатрешно набљудување на своите мисли, преку техниките кои јогата ви ги нуди.
Бидете свесни за вашето дишење и додека дишите, станете свесни за своите мисли , за шемите кои ви поминуваат низ главата. Бидете свесни за своите емоции, тие ви кажуваат колку сте блиску до себе, до своето внатрешно дете!
Верувајте дека еднаш кога ќе го вратите тој контакт, нема да сакате назад ! Радоста и ентузијазмот ќе ви бидат ваш постојан придружник, а со самото тоа сите врати низ кој поминувате низ животот дали добри или лоши, полесно ќе ги отварате и ќе се движите. Не се двоумите и започнете уште денес !

 Напиша: Билјана Пешева -Професионален тренер за возрасни

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар