Народна приказна: што научил кралот од дворскиот шут

    0

    Во едно кралство владеел глупав и размазен крал. Посебно се лутел на нерамниот пат до неговото кралство.

    Секогаш кога ќе тргнел на некое патување ги повредувал своите нозе и конечно одлучил тоа да го промени- дал наредба сите патишта во целото кралство да бидат покриени со животинско крзно.

    Кога го слушнал ова дворскиот шут, бил совладан од смеа. Без страв, тој одлучува да му објасни на кралот како неговата идеја е апсурдна:

    „Почитуван кралу, тоа е навистина лудост! Зошто да трошите толку големо богатство? Зошто да убиете толку многу животни? Подобро земете две парчиња крзно и ставете ги околу вашите стапала“-  предложил дворскиот шут.

    На кралот му се допаднал овој предлог и така и сторил. Првите „чевли“ за кралот биле подготвени за носење.

    Дворските шутови се сметаат за едни од најпаметните личности кои некогаш постоеле. Ниту еден дворец во средниот век не можел да се замисли без впечатливо и необично облечените дворски шутови на чии капи и чевли имало ѕвончиња. Тоа биле забавувачи на кралот со гротескно однесување кои имале голема слобода на изразување. Тие кажувале шеги, но исто така од нив можеле да се слушнат и храбри критики како во примерот погоре.

    А што научивме од него? Наичивме дека за да го промениме светот треба прво да почнеме од себеси. Невозможно е целата природа да ја прилагодиме за своите потреби, туку треба да размислиме како ние би се вклопиле.

    Единствено нешто кое треба да се промени е нашиот поглед кон светот, проблемот и можното решение.

    При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.