Направи сам: Уникатни шолји

0

Многу е важно во каква шолја го пиете вашето кафе или чај. Затоа, утре наутро пијте го вашето прво кафе во поинаква и уникатна шолја. Шолјите со интересен дизајн на нив се многу популарни и слатки. Обидете се да ги направите сами, да ставите личен печат на вашата омилена шолја и да се радувате на вашата креативност.

hand-designed-mugs-pic

Се што ви треба е една обична бела порцеланска шолја и пермантнен маркер. Откако убаво ќе ја измиете шолјата и ќе ја исушете, со маркерот напишете ја вашата омилена мисла, цитат од книга, стих од песна или нацртајте нешто по ваша желба.

9147db8014fffe76870e120f798d9f0f

Откако ќе ја нацртате шолјата оставете ја да се исуши околу 4 часа и потоа ставете ја во загреана рерна на 160 °C околу 90 минути за да можете слободно да ја миете на рака или во машина за садови без да стравувате дека бојата ќе се размачка и избледе.

il_fullxfull.582188452_tp60

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот