Направи сам: Природен пилинг за брзо ослободување од целулитот

0

 

Можеби сте забележале, а можеби и не, но повеќето креми против целулит во себе содржат кофеин. Тоа, секако, не е случајно, бидејќи тој го зголемува протокот на крвта и така се смалуваат мрсните клетки под кожата.

Вики ДеРоса е основач на здравствениот онлајн клуб B Well Heatlh во Њу Џерси и таа нагласува дека кафето е нејзиниот прв и основен избор во борбата против целулитот. И следниов рецепт им го препорачува на жените со години. Со негова помош не само што се намалуваат непријатните и грди натрупани слоеви, туку и кожата станува мазна и помека бидејќи со него во исто време се прави и пилинг. 

Состојки за пилингот:

  • eден ден стар талог од кафе
  • маслиново масло
  • крупна морска сол
  • фротирна ракавица 

Постапка:

Во голем сад измешајте една шољичка талог од кафе, маслиново масло и морска сол. Ставете доволно масло за да добиете смеса која наликува на паста. Сол додајте онолку зависно од тоа дали сакате погруба или понежна смеса за пилинг. Но тоа би требало да биде околу една лажичка сол. Околу половина час пред туширањето со помош на фротирната ракавица нанесете ја смесата на нозете, задникот и бутовите (можете да ја нанесете на сите делови на телото, а фантастичен резултат ќе видите веќе по една недела користење). Кога ќе се намачкате, обвиткајте се со крпа и оставете ја смесата да стои половина час. Истуширајте се со топла вода. На крајот намачкајте се со вашето омилено млеко за тело.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.