Направи сам: ново парче мебел во домот

0

Декорирањето на домот е секогаш потребно, а истото може да биде и навистина забавно доколку успеете да го изведете сами.

Денес со вас споделуваме одлична креативна идеја за изработка на табуретка.

Се што ви е потребно за овој интересен предмет е следново:

– стара гума од автомобил;
– две дрвени плочки во облик на круг;
– силиконско пиштолче;
– силиконски стапчиња (за пиштолот);
– лак;
zenski-magazin-diy-tabure-1
Изработка:

1. Поставете ја дрвената плочка на едната страна од гумата и избушете рамномерни дупчиња, потоа со штрафчиња добро затегнете ја плочката со гумата.
Истата постапка направете ја на другата страна на гумата со другата плочка;
zenski-magazin-diy-tabure-2zenski-magazin-diy-tabure-3

2. Поставете го конопот во средина за добро да го фиксирате центарот со помош на пиштолот. Потоа почнете со формирање на кругот. Откако ќе го залепите и фиксирате центарот оставете добро да се исуши.
zenski-magazin-diy-tabure-85zenski-magazin-diy-tabure-86

3. Продолжете со кружните движења на конопот и внимавајте да не се создава голем простор помеѓу- потребно е просторот да е исполнет.
zenski-magazin-diy-tabure-89

4. Кога ќе го завршите горниот дел од плочката свртете ја гумата на другата страна и продолжете со намотување на конопот околку гумата.
zenski-magazin-diy-tabure-90

5. Кога ќе стасате до работ на гумата пресечете го конопот.
Залепете го добро и оставете да се исуши.
zenski-magazin-diy-tabure-956. Премачкајте се со лак за дрво и повторно оставете да се исуши.
zenski-magazin-diy-tabure-96На крај свртете ја табуретката подгответе го кафето и уживајте во новата декорација во домот.

zenski-magazin-diy-tabure-99
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.