Направи сам: Коктели од најдобрите филмови на сите времиња

0

Од мега хитовите “The Great Gatsby“ и “007“, до нивните коктелите во најпознатите филмски сцени на сите времиња. Откријте како се прават овие пијалоци…

А ние ви ги сервираме рецептите само на ваше уживање…

1. Vesper- James Bond и Casino Royale (2006)
Веројатно сите ја знаат на памет сцената од овој филм кога Daniel Craig го нарачува својот омилен коктел.
За овој коктел потребно е да помешате Plymouth џин, една доза на Absolut вотка и 5 дози на суво бело мартини или Kina Lillet . Пијалокот треба да е ладен при сервирање, а за декорација додадете кора од лимон.

1
2. French 75- Casablanca (1942)
Ова е најљубовниот филм на сите времиња и вистинска класика.
French 75, е коктелот во кои уживаа Humphrey Bogart и Ingrid Bergman. За овој коктел потребни ви се 2 дози на мала чаша лондонски сув џин, 5 дози шампањ Brut, кора од портокал за декорација и лимон.
Подготовката не е комплицирана, а ако сакате да ја направите оргиналната верзија, половина од чашата исполнете ја со мраз, а половина со мешан џин, шеќер и сок од лимон.
По рецепт оди една лажичка шеќер по чаша, а на крај може да декорирате со парче портокал и цреша.
23. Gin Rickey- The Great Gatsby (2013)
Враќање на златното доба на Холивуд.
Можеби коктелот нема да ви го подготви Leonadro Di Caprio, но може да го видите во сцената кога пие токму од него.
За Gin Rickey потрбено ви е 1/5 доза на џин или бурбон ( “американско виски “), 1 лимон и газирана минерална вода.
Коктелот може да го служите во чаши иполнети со мраз, потоа додадете цеден сок од лимон и декорирајте го со кора од лимон. Потоа додадете минарална газирана вода.
34. The seven-year itch (1955)
Штом спомнеме дека главната улога во овој филм и припаѓа на жената што ги урна сите табуа за женскиот изглед, Marilyn Monroe, не потрбно понатаму да објаснуваме. Филмот е многу попознат по сцената со нејзиниот бел фустан одошто по коктелот, но ако сакате да го пробате и овој коктел еве го рецептот:
Потребно ви е иста количина на бурбон или ирско виски и свежо цеден лимон, 1 лажичка шеќер, цреша и кора од портокали.Сите состојки добро измешајте ги со мраз и послужете го коктелот во ниски чаши и направете мала декорација.
45. Red Eye Cocktail- Cocktail (1988)
Ова е култен филм со Tom Cruise.
За коктелот ќе ви биде потребно 30 мл вотка во ладна кригла, додадете 180 мл ладен сок од домати, а на крај 350 мл пиво и едно јајце.
Добро измешајте и уживајте ако сте љубител на овие состојки.
5

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.