Направи сам: Фризура за секоја пригода

0

Ви претставуваме едноставна фризура , лесна за правење, а одлична за секоја пригода, од вежбање во фитнес сала до свечена вечера со партнерот…

Не сите девојки се способни за правење плтенки, а од друга пак страна сите се љубители на истите. Тие се едноставни, одлични за секаков настан и годишно време.

Оваа фризура е совршена за секоја должина на коса (освен кратка), бидејќи ја собирате цела коса, а шишките се плетат и продолжуваат во пунџа.

Со помош на оваа фризура кратките влакна од косата нема да ви паѓаат на лицето, што ја прави и совршена за пилатес, јога или било која физичка активност што ја обавувате по работно време или во текот на денот.

Девојки следете ги  чекорите:

1. Земете го предниот дел на косата над ушите и поделете на три дела. Започнете да плете до другото уво. Кога ќе стигнете до средината на главата (како што е прикажано на сликата ), почнете да плетете на другата страна и завршите на темето, каде што ќе дојде високо кренатата пунџа.
zenski-magazin-pundja-sa-pletenicom-1

2. Прицврстите ја плетенката на врвот од темето со помош на ластиче за коса. Потоа целата косата подигнете ја високо во реп, споена со плетенката.
zenski-magazin-pundja-sa-pletenicom-2

3. Земете го додатокот за правење на пунџи (било да е тоа посебна трака или пак од меките сунѓерчина за пунџи) и извлечете ја косата низ тоа.
zenski-magazin-pundja-sa-pletenicom-3

4. Замотајте ја убаво косата со помош на додатокот или пак сунѓерчето и вашата пунџа е готова.
zenski-magazin-pundja-sa-pletenicom-97

5. Фиксирајте ја косата со помош на лак.
zenski-magazin-pundja-sa-pletenicom-98

Одберете ја вашата вечерна комбинација или пак гардероба за на работа и спремни сте да го започнете денот, а во овој случај и викендот.
zenski-magazin-pundja-sa-pletenicom-99
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.