Направи пауза погледни го светот поинаку

0

Дали ви доаѓа преку глава oд сето брзање, трчање и стрес на кој сте изложени секој ден? Без разлика на одговорот, знајте дека вината ја сноси секој од нас.Кога се враќате oд работа,застанете и погледнете наоколу. Сигурно ќе забележите нова убавина во истиот простор затоа што овој пат навистина гледате . Не брзајте, уживајте го моментот кој е само ваш.

Некои истражувања тврдат дека само 10 минути во денот кои ќе си ги посветите себеси се доволни за среќа? Дајте си пауза и вкусете ја среќата на денот.

Земете го кучето на пријателката и прошетајте го место неа. Пробајте да направите нешто различно денеска. Нека преспие кај вас, ќе ве наполни со позитивна енергија. Домашните миленици го имаат тоа влијание врз нас луѓето. Или уште подобра варијанта на ова е да си земете сопствен миленик ако чувствувате осаменост и забележувате дека нешто ви недостига.

Не размислувајте како да го поминете слободното време, не правете планови, едноставно сторете го тоа. Па, нели ви е преку глава во текот на денот за време на работните обврски да планирате цело време? Заборавате дека слободниот дел од денот е само ваш и нема потреба да одговарате пред себе, а уште помалку да бидете строги кон себе. Ако сакате да бидете мрзеливи вечерва, слободно. Многу често и од тоа излегува нешто добро. Кога умот е ослободен, тогаш е покреативен и кога ќе се вратите утре на работа, ќе бидете полни со идеи и енергија.

Седнете на кафе со пријатели. Еден час нема да смени многу во домашниот распоред, но ќе смени кај вас, вие ќе се релаксирате и ќе бидете посвежи штом се вратите дома.

На крајот од денот, земете чај или топло млеко и опуштете се на креветот пред телевизор, размислувајќи за АПСОЛУТНО НИШТО и утре ќе бидете нова личност.

Не заборавајте, да направите пауза, да земете воздух и продолжите понатаму.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот