Направете си сами маска за сјајна коса

0

Во текот на летото нашата коса е сува и безживотна поради штетните сончеви зраци.

Од друга страна, секоја жена посакува да има коса мека на допир и сјајна дури и во најтоплите денови. За тоа не треба да потрошите цело богатство. Решението се наоѓа во вашата кујна. Направете си домашна маска која ќе ја направи вашата коса мека и сјајна.

Се што ви треба е една супена лажица органско кокосово масло и една супена лажица мед. Помешајте ги двете состојки во сад за готвење и загравејате ги на шпоретот. Ако имате долга или оштетена коса, дуплирајте ја количината на состојките. Маската можете да ја ставате и на сува и на мокра коса, но секогаш фокусирајте се на врвовите.

Оставете ја маската да делува околу четриесет минути и потоа исплакнете ја.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар