Направете сами новогодишен свеќник од празни тегли

0

Колку пати сте посакале вашиот дом да изгледа поинаку од домовите на вашите пријатели, а тие, пак, кога ќе дојдат кај вас на гости да ви се восхитуваат на убавиот вкус и предметите што го украсуваат домот?

Ви предлагаме да направите нешто самите – новогодишен свеќник од празни тегли. Ова вашите пријатели секако нема да можат да го купат никаде, па вие ќе поседувате нешто уникатно и поинакво.

Доколку имате деца, ова е одличен начин да се забавувате заедно, а тие да ви помогнат при изработката на свеќниците.

Што ви е потребно?

  • Стари тегли
  • Хартија
  • Алкохолен фломастер
  • Светки
  • Акрилна боја или лак за нокти

 

А сега погледнете го видеото и видете колку е едноставно. Забавувајте се!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.