НАПРАВЕТЕ САМИ: Креативни идеи за украсување на кујната

0

Кујната е место каде секоја жена поминува голем дел од своето време, а за многумина оваа просторија е омилениот дел од домот.

За поминатото време во кујната да го направите уште попријатно, ви нудиме неколку идеи кои во комбинација со вашата креативност би можеле да бидат вистинско освежување за кујнскиот простор.

1. Обоете го дрвениот прибор
Се што ви е потребно е малку боја и убаво смислен дезен.
Внимавајте да употребите боја која може да се користи на прибор за готвење.

2. Направете ролна за белешки
Практичен начин да заштедите време за потрага по празни листови хартија. Воедно, ќе вметнете интересен детаљ во просторот.

3. Направете држач за крпа од старо сукало
Лесен проект кој дава шарм на ретро кујна.

4. Врамете ги старите, омилени рецепти
Одлична декорација за кујнскиот ѕид и прекрасен начин да ги пренесете врвните рецепти на следните генерации.

5. Залепете тапети или украсна хартија на внатрешноста од кујнските елементи
Освежете го работниот простор со дезен по желба. Вклопете го со боите кои преовладуваат во вашата кујна и ќе бидете задоволни од финалниот изглед. Ефектот е уште поголем доколку имате шкафови со стаклена вратница.

Извор: najboljamamanasvetu.com

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.