Направете малку поинаков Снешко дома (видео)

0

Здодеано ви е од класичните украси што ги гледате насекаде? Или, пак, сакате да ја покажете својата креативност пред вашите најмали? Можеби сакате да направите уникатен подарок за некоја пријателка…

Обидете се да го направите ова – интересен Снешко дома. Имајте само малку повеќе трпение и истрајност, да не се откажете ако првиот (или вториот) обид ви е неуспешен.

Потребни ви се два балона, течен лепак, конец, малку хартија во боја, украсна црвена лента, неколку гранчиња, неколку копчиња, импровизирано шалче.

Потоа, погледнете го видеото и следете го чекор по чекор за да го изработите уникатниот Снешко.

Уживајте во забавата!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.