Направени од 50% рециклирана пластика, моделите од капсулната колекција на Timberland ReBOTLсодржат 6 до 10 пластични шишиња

0

Timberland веќе подолго време работи на намалување на уништувањето на природата при производство на своите препознатливи производи. Оваа сезона, капсулната колекција за мажи ReBOTLе сериозен потфат во оваа еко насока на брендот. Имено, секој модел од колекцијата во себе содржи 6 до 10 рециклирани, пластични шишиња.

ReBOTLкапсулната колекција, која вклучува 5 различни модели,ја спојува Recycled Knit технологијата со надворешен ѓон направен од рециклирани пластични шишиња.

ReBOTLе уште едно дополнување на мисијата на Timberland да го трансформира својот бизнис целосно во еко-насока до 2020 година, и тоа преку три различни сегменти: производи, животна средина и заедница.

Во сегментот производи, идејата е речиси целосно да се намали влијанието врз животната средина во процесот на производство; делот на животна средина е опфатен преку посветеност на пошумување и враќање на зелените површини во градовите; делот на заедницата е вклучување на вработените на Timberland во разновидни, активности за добробит на целата заедница.

До сега Timberland реализира огромен број еко проекти, кои вклучуваат рециклирање на 310 милиони пластични шишиња кои потоа се користат во изработка на обувки, садење на 9 милиони дрва и повеќе од 1 милион часови општествена работа. Брендот и понатаму останува посветен на постигнување на сите еко-насочени цели и поставување на нови стандарди на еко одржлива мода.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.