Наполеон Бонапарта: Само во речникот на будалите го има зборот ’невозможно’

0

На 15 август 1769 во Ајачо, на островот Корзика, роден е големиот император Наполеон Бонапарт, како  второ дете (од вкупно осум) на Шарл Бонапарт и Летиција Рамолино Бонапарт.

Наполеон Бонапарта е француски император, основоположник на многу реформи на Француската револуција. Тој е еден од најголемите воени генијалци во XIX век; ја освоил цела Западна Европа и Египет, додека воведувал реформи во овие нови територии, цело време им гарантирал слобода на народите и подобар начин на живот. Тој самиот се крунисал за император на Франција во 1804 година и вовел реформи очекувајќи да го обедини незадоволниот народ.

Во 1806 Наполеон Бонапарта, императорот на Франција ја започнува конструкцијата на Триумфалната порта како спомен за неговите победи. Триумфалната порта е висока 50 м и широка 45 м и се наоѓа во западниот дел на Елисејските полиња, во Париз. На ѕидовите од портата се испишани имињата на Наполеоновите генерали и неговите победи.

Но, и покрај тоа тој бил прогонет на Св. Елена, изолиран на остров во југот на Атлантскиот Океан, каде останал до неговата смрт на 5 мај 1821.

За време на неговиот живот, тој имал неколку изјави кои и денеска имаат значење и сведочат за неговата генијалност.

„Тој што знае да ласка, знае и да клевети.“

„Имагинацијата владее со светот.“

„Човекот се бори посилно за своите интереси отколку за своите права.“

„Само во речникот на будалите го има зборот ’невозможно’.“

„Никогаш не прекинувај го непријателот додека прави грешка.“

„Фрли ги твоите грижи заедно со алиштата кои ги соблекуваш навечер.“

„Храброста е како љубовта, мора да постои надеж за таа да се потхранува.“

„Ништо не е потешко, но и помоќно од тоа да имаш можност да одлучуваш.“

„Сликата вреди илјада зборови.“

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.