Наместо шифри, наскоро увото ќе го користиме како лозинка

0

Новиот систем на компанијата НЕЦ, би можел драстично да ни го олесни потврдувањето на идентитетот на луѓето.

Компанијата НЕЦ, успеала да развие нов идентификационен систем, кој ќе го користи човечкото уво како лозинка. Споменатиот систем ќе може да разликува личност, на основа на резонанција на звукот во нивните ушни шуплини.

Овој систем ќе ги разликува акустичните карактеристики на увото, како би ја препознал вистинската личност, а ќе има 99% точност при утврдување на идентитетот.
Оваа технологија не бара никакво скенирање, туку довлни се само слушалици со микрофон кој ќе го прима звукот, шпа така овој систем би можел да се користи и додека таа особа се движи или работи.

Системот ќе го анализира звукот и ќе ја препознава личноста за приближно една секунда. Увото не секоја личност, има посебен, уникатен облик, исто како отпечатокот од прст, па тоа го прави идеално за користење како биометриска лозинка.

Се очекува оваа технологија да се комерцијализира до 2018 година.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот