Намалете ги симптомите на пмс со чаеви

0

Жените знаат колку е тешко справувањето со тегобите на предменструалниот синдром. Наместо веднаш да посегнете по таблетки за болка, пробајте да ги намалите болките и напнатоста на телото на природен начин, без несакани ефекти по останатиот дел од телото.

Чај од нане

Чајот од нане се употребува како помошно средство за намалување на симптоми на лошо варење: грчеви, надуеност, нервоза во желудникот, надразнати црева, повраќање, а со тоа ги олеснува и неколкуте најчести пропратни појави на менстраулниот циклус.

10482844_321669857998045_5914220128843572276_n

Чај од коприва

Копривата има благо диуретско делување и поттикнува ослободување на вишокот вода од телото. Оваа билка ќе ви помогне да не се чувствувате премногу надуено во текот на „оние денови“.

10460199_319892934842404_6177644613382242642_n

Чај од камилица

Многу истражувања покажале дека камилицата го подобрува квалитетот на сонот. А, сите добро знаеме колку понекогаш е невозможно да заспиеме додека го преживуваме предменструалниот сидром… Затоа пред спиење, задолжително напијте се чај од камилица со малку мед.

10300422_314385015393196_299227057856956338_n

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот