Најзагадениот град во Европа сади дрва за заштита од високите температури

0

Градот Мадрид наскоро ќе биде вистински одмор за очите, покриен насекаде со зеленило…

Секое неискористено место ќе биде претворено во парк со зеленила и дрва, покривите на зградите и нивните ѕидови, а градот за овој проект ќе одвои огромна сумна на пари.

Дваесет и две неискористени места ќе бидат претворени во урбани градини . Поплочените плоштади ќе прераснат во паркови кои можат да ја впиваат водата од дождот. Во близина на реката што тече низ центарот на градот , каде што голем автопат беше срушен во 2003- градот ќе вложи повеќе од 4.3 милиони долари за да се претвори во парк со дрвја.
3056166-slide-s-7-madrid-is-covering-itself-in-plants-to-help-fight

Сето ова е дел од планот да се помогне во прилагодување на некои од најголемите предизвици со кои се соочува градот од климатските промени : многу топли денови, тешка суша, и потешки поплави.
Мадрид секогаш бил карактеризиран со високи температури за време на летниот период, но темпаратурите се повеќе се зголемуваат.
3056166-slide-s-2-madrid-is-covering-itself-in-plants-to-help-fight
Па токму поради тоа, секој план од ваков тип ќе помогне да се зачува пријатниот воздух во градот, а ќе биде и одлична первенција за заштита од високите температури.

” Презентираните планови се практични и ефикасни и може да се спроведат низ градот на многу локации “- велат надлежните. “Тие се локализирани решенија со цел да се прилагодат на градот и на различните ефекти од климатските промени. ”
3056166-slide-s-11-madrid-is-covering-itself-in-plants-to-help-fight

Вегетацијата може да помогне на градовите кои имаат проблем со смогот. Мадрид , еден од најзагадените градови во Европа, забранува одреден сообраќај во текот на најсообраќаните денови, а го прави јавниот превоз бесплатен, до 2020 година градот ќе забрани и користење на дизел автомобили во центарот на градот.

Истражувања спроведени во 2015 година велат дека садењето на дрва во загадените градови е единствен начин за градот да се бори против нечистиот воздух, и е задолжително.

Па можеби и ние треба да земеме пример од градот Мадрид, што велите?
3056166-slide-s-4-madrid-is-covering-itself-in-plants-to-help-fight

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.