Највпечатливите филмски сцени на разделба

0

 Сите се сеќаваме на омилените љубовни сцени од филмовите, на емоциите на ликовите, на драматичната музика која ја следи целата ситуација, Но, ајде да ја погледнеме и другата страна на приказната, сцените на раскинување кои исто така имаа оставено печат на љубителите на филмот. Ве потсетуваме на некои од нив.

“Однесено со виорот” од 1939 година

Рет Батлер и понатаму е лудо заљубен во својата жена Скарлет, и покрај сите глупости кои таа ги направила. На крајот, тој сепак решава да каже “доста” и тоа е моментот кога Скарлет всушност сфаќа дека нејзината никогаш не остварена до крај голема љубов Ешли не ја сакал воопшто. Реченицата со која Рет и простува е непто кое публиката никогаш нема да го заборави..

“Крејмер против Крејмер” од 1979 година

Тед Крејмер се враќа дома после мизерен ден и сфаќа дека неговата сопруга Џоана го напушта и очекува дека тој ќе биде родителот кој ќе се грижи за нивниот син. Неколку месеци подоцна таа се враќа и почнува борба за старателство над детето.

“Ени Хол” од 1977 година

Елви Сингер и Ено Хол се сродни души кои дури и како такви не можат да најдат заеднички јазик.

“Тоа што некогаш бевме” од 1973

Реченицата кој никој не може да ја заборави. Откако ќе се разделат, овие двајца протагонисти се сретнуваат години подоцна, секој продолжувајќи со својот живот во меѓувреме, и таа му се обраќа со зборовите„Your girl is lovely, Hubbell.“

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот