Највозбудливите трејлери за филмовите во 2016 година

0

Не траат повеќе од 2 минути и 30 секунди, ама трејлерот за секој филм е важен, ако не и поважен од самиот филм.

Всушност, колку пати ви се случило да се воодушевите од кусите секвенци, а потоа да се разочарате од филмот?

Трејлерите станаа толку важен дел од создавањето филмови, што ако немате добар трејлер, тогаш најверојатно ни филмот нема да има голема гледаност. Токму затоа креаторите на франшизата „Fast and Furious“ пуштија секвенца од неколку секунди 15 дена пред да го пуштат трејлерот за најновиот, осми по ред филм, „The Fate of the Furious“.

Ова се највозбудливите трејлери за филмовите што излегоа во 2016 година, за филмови од оваа година, ама и за филмови во чијашто најава стои – во кината од 2017 година.

Подгответе се за вистинско, возбудливо уживање. Со трејлери.

Филмот ќе се појави дури во јуни 2017 година, но трејлерот предизвикува големо внимание.

Иако критичарите не го сакаа филмот, публиката уживаше во секој момент од филмот. И со нетрпение го чекаат новиот дел.

Овој научно фантастичен/хорор филм ја крева тензијата уште со гледањето на самиот трејлер.

Филмот најавен за 2017 нуди одлични визуелни ефекти, барем според трејлерот. И одличната глума на Семјуел Л. Џексон.

Уште еден одличен филм на Марвел, дополнет со трејлер заради кој сигурно ќе сакате да го погледнете филмот.

Секој трејлер од серијалот Star Wars е подобар од претходниот. Исто како и филмовите.

По огромниот успех на првиот филм, сите со нетрпение го очекуваме новото продолжение од „Guardians of the Galaxy“. Дотогаш може да уживаме само во трејлерот за филмот.

Дали сте подготвени за вториот дел на „Trainspoting“? Пред да го погледнете филмот, секако мора да го погледнете одличниот, напнат трејлер за еден од најдобрите филмови воопшто снимени.

Гледајќи го трејлерот за овој филм, не можеме да го дочекаме почетокот на 2017 година за да ја видиме Скарлет Јохансон во уште едно одлично издание. Не може поинаку.

Трејлерот на вториот дел за филмот „John Wick: Chapter 2“ не само што нуди возбуда, туку најавува и одличен саундтрек. Филм што секако ќе се најде на листата „филмови што МОРА да ги погледнете.“

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.