Највеселата песна на светот е…

0

Досега многупати слушавме за тоа кои се најзаразните, најдосадните песни, песни кои се за будење, за спиење и слични категории во кои разбирливо, секогаш имаше различна песна на врвот.

Овојпат, ви ја претставувавме највеселата песна на светот. Научниците од Универзитетот во Мисури откриле која е највеселата песна, односно онаа која прави луѓето да се чувствуваат многу подобро штом ја слушнат.

Резултатите од истражувањето покажале дека оесната кој го крева расположението дефинитивно мора да има брз ритам, многу побрз од просечна поп песна. Убедлива победа со две третини од гласовите однела песната на безвременските Queen – Don’t stop me now.

Песната е објавена во далечната 1979 година како сингл, а е дел од албумот од 1978 година насловен како “Jazz”, ја напиша лидерот на групата, Фреди Меркјури. На британската сингл листа се искачи до 9-тата позиција, а низ годините доживеа многу преработки, но ниту една не беше толку успешна како оригиналот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот