Најважните причини поради кои немате рамен стомак

0

Многу луѓе се жалат дека и покрај режимот на усогласената здравата исхрана, диети или редовни тренинзи, не може да успеат да се ослободат од вишокот масти на стомакот.

Причината за ова може да бидат навиките кои го забавуваат патот кон остварувањето на целта, а а ова се петте најчести причини поради кои се дебелеете на кај стомакот.

Недостаток на магнезиум

На телото му треба магнезиум, со цел да се обезбеди нормално функционирање на срцето, нервниот и мускулниот систем и учествува во активирање на работата на повеќе од 300 ензими кои регулираат многу процеси во организмот. Исто така, магнезиумот влијае на губење на тежината и обликувањето на телото!

Совет: Јадете храна богата со магнезиум, како што се зелениот лиснат зеленчук, грав, мешунки и ореви.

Газирани пијалоци

Газираните пијалоци се богатство на празни калории, што многу ја зголемува дебелина на половината! Само две чаши од овој пијалок дневно предизвикуваат таложење на маснотиите кај половината пет пати побрзо, бидејќи големата количина на шеќер во нив го зголемува апетитот, па може да јадете повеќе отколку што е потребно.

Совет: Завртете го копчето за здрава алтернатива – пијте природни овошни сокови. Исто така, држете се до правилата на осум чаши вода на ден и колку што е можно повеќе течности без шеќер.

d20b3d93c01205f0983a49c231cc82ed

Недоволно спиење

Ако сте постојано уморни и лишени од сон, не е чудо што не можете да ги отстраните мастите од стомакот. Истражувањата покажаа дека жените кои спијат само пет часа имаат 32 проценти поголеми шанси да бидат дебели! Поради недостаток на спиење автоматски имате поголема потреба за храна.

Совет: За да го регулирате апетитот, спијте од 7 до 9 часа во една ноќ. За да имате подобар сон, проветрувајте ја просторијата секој ден и задржете ја спалната малку поладна од остатокот од станот. Во вечерните часови, избегнувајте и кофеин.

Премногу сол

Ако по јадењето солен оброк се чувствате подуени, не чудете се- премногу сол во организмот предизвикува трансфер на вода од крвта во кожата. Уште еден изненадувачки фактот е дека дури и повеќе од 90 % од луѓето консумираат поврќе од препорачаната дневна доза на сол, која е само четири грама, што го усложнува губењето на тежината во стомакот.

Совет: Избегнувајте дотурање сол на храната! Ако не можете без тој вкус, користете зачини како чили, бибер, ѓумбир, рузмарин или цимет.

Неправилни масти

Телото не реагира исто на сите масти – висок внес на заситени масти го зголемува наталожувањето на масните наслаги. Од друга страна, незаситени масти кои содржат омега-3 масни киселини, анти-инфламаторен ефект може да имаат позитивен ефект врз телото и линијата.

Совет: Обрнете внимание на внесот на масти и урамнотежената исхрана, бидејќи премногу маснотии од било кој вид ќе имаат добар ефект на вашата фигура.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот