Најубавите тавани во светот

0

За љубителите на архитектура, секој детаљ е важен, меѓутоа сепак на таваните им се посветува помалку внимание. Сепак, одредени градби се познати баш по нив, благодарејќи на иновативните градители кои не штеделе ни материјали ниту труд кога се овие зданија во прашање.

Ова се некои од најубавите тавани во светот, или можеби подобро речено-уметнички дела на таваните.

Kastelo di Samezano, Лече Италија
Собата на пауните во италијанската палата во близина на Фиренца името го добила по фантастично декорираниот таван. Палатата ја проектирал Fernandino Pacijati Himenez di Aragona, а подигната е во периодот помеѓу 1843-1889 година.

таван

Ели Катедрала, Кембриџшир, Англија
Катедралата Ели е подигната во 1334 година, и од тогаш до денес се смета за една од најубавите во светот. Причина за тоа не е само нејзината импресивна конструкција, туку и нејзината внатрешност.

таван 2

Solna Centrum Метро станица, Стокхолм
Една од најголемите атракции во Стокхолм, е оваа метро станица изградена во 1975 година. Нејзината внатрешност која потсетува на пештера, ја имаат обоено уметниците Andres Aberg, и Karl Olov Bjorg.

тавани 3

Grand Central Станица, Њујорк
Таванот на една од најубавите метро станици ви Америка, со децении не бил многу забележлив. Се до 1998 година, кога тој е реставриран и исчистен, и сега повторно плени со својата убавина. Зодијакот нацртан на него, е дело на Францускиот сликар Pol Sezara Elej.

тавани 4

San Pantalon, Dorsoduro, Венеција
Дури 443 квадратни метри се насликани на таванот на оваа незавршена барокна црква од 17 век. Анѓелите и рајот на куполата се дело на Djana Antonija Fumijani.

таван 5

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот