Најубавите природни базени во светот

0

Дали постои подобар начин да се разладите во текот на овие тропски горештини од природните базени создадени во пријатна сенка?
Ние мислиме дека не постои и затоа овој пат ви ги претставуваме најубавите природни базени на светот, во кои со сигурност ќе посакате веднаш да скокнете.
Уживајте:

1. Pamukkale – Турција

02
Овој „памучен замок“ е вистинско чудо на природата. Неговите скалесто поставени базени се брилијантно бели поради составот од калциум од природен извор и потсетуваат на џакузи во природа. Водата константно ја одржува температурата од 35.5 степени. Во близина се наоѓа и познатиот Antique базен со температура на вода од 40 степени, а легендата вели дека тука се бањала Клеопатра.
2. Водопадите Havasu- Аризона

03 - CopyОва е уште едно чудо на природата што ќе ве воодушеви, водопад од 30 метри пад во јужниот дел на Големиот Кањон, сино-зелен базен опкружен со дрвја што создаваат пријатна сенка.
3. Cummins водопадите- Тенеси

06
Ако сакате да го посетите овој парк и да ги откриете Cummins водопадите планирајте малку подолга прошетка. И покрај тоа што можеби не сте голем љубител на пешачењето, сета мака ќе ви се исплати кога ќе ја погледнете оваа убавина. Базенот се наоѓа под водопадите и е прилично голем и длабок.

4. Cenote Ik Kill- Мексико

07 Патниците кои се упатуваат кон островот Јукантан, со сигурност нема да сакаат да се вратат кога ќе ја здогледаат оваа оаза Ik Kill. Проиродниот базен извира на околку 25 метри испод површината на земјата и продолжува да се продлабочува. Вегетацијата и природата со која е опкружена оазата е најдобриот аксесоар за ова место.
5. Madison Blue Spring State Park- Флорида

10Овој базен е идеален за пливачи и се прелива во реката Withlacoochee. Дрвените скали ќе ви помогнат лесно да влезете во вода, а во близина на базенот постојат многубројни места за пикник и уживање во природата.

6. To Sua Ocean Trench- Самоа
Веројатно никогаш не сте очекувале да видите сина оаза некаде во јужниот дел на Пацификот. Во близина на малото село Lotofaga , се наоѓа оваа сина оаза- базенот делува како пат до небото. Оние кои сакаат да уживаат во него, се спуштаат со дрвена платформа . Додека пливаат , опкружени се со обемни камени сводови и тропски риби. Има ли нешто подобро?
11 12
01 04 - Copy 09 0805

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар