Најубавите огномети во светот за пречекот на Новата година

0

Еуфоријата за пречекот на Новата година започна, посебно откако домовите се закитија со новогодишните елки, а и градовите добиваат празничен лик.

Повеќето од нас сонуваат дека еден ден за пречекот на Новата година ќе бидат во еден од најатрактивните светски градови, каде што ги има најубавите огномети, каде што секогаш е најзабавно и највесело.

На нашата листа градови со највеличествени пречеци на Новата година се најдоа Сиднеј, Њујорк, Дубаи, Лондон и Токио. Еве зошто…

Сиднеј

Австралијанците се меѓу првите што влегуваат во Новата година. Главната прослава ја одбележува огромен огномет чија централна точка е Операта.

Дубаи

Овој град на Блискиот Исток е сè почеста дестинација на туристите, пред сè заради можноста Новата година да ја пречекаат на плажа. Огнометот што се протега од едниот до другиот дел на градот не се опишува со зборови.

Лондон

Овој европски град плени со својата убавина, ама и со спектакуларниот дочек на Новата година. И секој нареден е поубав од претходниот. Посебно погледот кај Окото на Лондон и Парламентот.

Токио

Јапонците не заостануваат ни малку со својата спектакуларност. Најголемиот дел од луѓето коишто живеат во Токио излегуваат на улиците на градот за да уживаат во величенствената глетка на огнометот што го осветлува небото.

 

Њујорк

Њујорчани, ама и туристите од целиот свет, неколку часа однапред се собираат на студениот Тајмс Сквер за да бидат сведоци на спуштањето на топката, традиција при пречекот на Новата година во градот што никогаш не спие.

А каде би сакале вие да ја дочекате Новата година?

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.