Најубавите мисли од Харуки Мураками

0

Често пати се наоѓаме во ситуација кога е тешко да се најдат вистински зборови со кои би можеле да ги опишеме нашите чувства.

Харуки Мураками е писател кој знае тоа да го направи многу вешто и да ни ја разголи душата со неговите зборови.

Книгите кои ги пишува се доказ за неговото разбирање на емотивната страна на еден човек, умее разбирањето да го преточи во приказна со неверојатна прецизност и сензибилитет кој не тера на размислување.

  • Свет без љубов е како ветер зад затворен прозорец. Не можеш ниту да го допреш, ниту да го вдишеш.
  • Порано мислев дека луѓето растат постепно, малку по малку…Излезе дека не е така. Тие ‘растат’ преку ноќ.
  • Не постои погрешно мислење. Постојат мислења кои не се согласуваат меѓу себе. Тоа е тоа.
  • Колку сме постари, се потешко ни станува да ги поставиме работите на свое место.
  • Тоа што некогаш било со нас, а потоа го нема, иако е засекогаш изгубено, остава празнина која никогаш не можеме да ја затвориме.
  • Кога се гушкаме, ги делиме своите стравови.
  • Кога секоја личност би верувала во среќен крај, светот не би имал од што да се плаши.
  • Без оглед на тоа колку се трудиш, не постои начин да побегнеш од болката која ја чувствуваш кога си вознемирен.
  • Најди начин да ги изразиш своите чувства. Полошо е да ги потиснуваш во себе. Ќе се наталожат и ќе стануваат се потешки. А на крајот ќе затвориш очи и ќе умреш.
  • Никој не сака да биде сам. Јас мразам да бидам разочаран.
  • Кога на некого ќе дадеш надеж, тоа му помага да живее подолго. Без надеж не постои “подолго”.
  • Нашата реалност е бескрајна борба помеѓу она што се случило и она кое сакаме да го запаметиме.
  • Најважната работа не е големото откритие кои другите веќе го сфатиле пред вас, туку малите мисли кои ви доаѓаат сами.
  • Што е осаменост? Слична е на она чувство кое го имате во дождлива вечер кога стоите на брегот и гледате како моќните бранови стануваат едно со морето.
  • Сеќавањата не прегрнуваат одвнатре. Но не болат со иста силина.
  • Често се случува најважните работи во животот да почнат како трка.
  • Движењето во погрешна насока со голема брзина е полошо отколку воопшто да не се движиш.
  • Кога немате со кого да ги поделите осамените мисли, тие почнуваат сами да се делат во вашата глава.
  • Ако се се случува онака како што сте сакале, животот ќе стане досаден.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар