Најубавите љубовни сведоштва

0

 

Љубовта е сè! Цел еден свет! Тоа ќе ви го потврдат и овие неколку кратки љубовни приказни. Во неколку реченици, жените сместија цели љубовни романи, изјави кои ќе ве расплачат, емоции кои ќе посакате да ги искусите…

Неодамна, моето момче ме запроси. Не ја знаеше големината на прстен кој ќе ми е баш таман. Кога го запрашав како го одбра да ми биде толку точен тој ми одговори: „Ја визуелизирав твојата рака во мојата и се обидов да го запомнам чувството. Така го погодив!“

2

Мојот доктор ми забрани да спијам на стомак, а тоа ми беше омилената позиција за спиење. Го замолив мојот сопруг да ме сврти на грб доколку заспијам на стомак. Последната ноќ, тој се разбудил неколку пати за да ме провери.

Во брак сме осум години и секако дека понекогаш се расправаме. Но, нервозата помина кога пред неколку дена, средувајќи ги документите од банката се потсетив дека одговорот на тајното прашање за безбедност беше името на кучето кое тој ми го подари пред неколку години.

Мојот сопруг често зборува во сон. Синоќа, одеднаш ги отвори очите, се изнагледа во мене и ми рече: „Ти си најубавата жена во целиот свет – запомни го тоа!“

6

Сфатив дека мојот брак е совршениот избор кој сум го направила во моментот кога и двајцата бевме болни. И покрај неговата висока телесна температура и студот надвор, тој се облече, отиде до аптека по лекови, ми направи топла супа и ме покри со ќебиња. Ниеден друг подарок не може да ми покаже колку тој многу ме сака…

Мојот сопруг се буди пред мене и е тивок за да не ме разбуди. Секогаш, во времето во кое вообичаено се будам, добивам порака од него со текстот „Добро утро, душо!“. Тоа ме расонува подобро и од кафе.

Бевме во брак неколку години, кога се одлучив малка да ја вратам страста и да организирам романтична вечер, Отидов до супермаркетот и купив шампањ, овошје и свеќи. Се вратив дома и слатко се изнасмеав кога видов дека и тој ја имал истата идеја. Ја најдов масата поставена, светлата изгаснати и еден куп свеќи запалени.

Секоја ноќ, мојот сопруг и чита приказна за добра ноќ на нашата ќерка. Откако таа ќе заспие, започнуваме да се гушкаме нежно. И сите лоши чувства кои сежме ги имале во текот на денот, паѓаат во вода.

Кога бев малечка, се заљубив во момче кое беше четири години постаро од мене, но, тој воопшто не ме забележуваше. Подоцна, се преселив во друг град и речиси сосема го заборавив. Го сретнав после многу во стоматолошка ординација. Тој прв се сети на мене. Се спријателивме, започнавме врска и штотуку ме запроси. Судбината е интересна работа.

5

Бевме најдобри пријатели. Со тек на време започнав да развивам чувства кон него кои не беа пријателски, туку љубовни. Не се осмелував да го прашам дали би бил со врска со мене. Почнавме да се гледаме се помалку. Очигледно беше дека двајцата се чувствуваме чудно. Се чинеше дека нашето пријателство полека умира. Еден ден, додека седевме во пракот, се сврте кон мене и ме праша: „Ќе се омажиш за мене?“

Додека излегував со мојот сегашен сопруг имав сериозни здравственби проблеми и хормонални пореметувања поради кои екстремно се здебелив. Тој не раскина со мене, напротив, ме побара за сопруга. Секој ден ми потенцираше колку сум убава. Подоцна успеав да ги симнам килограмите. Гледајќи ги готографиите од нашата венчавка, мојот сопруг одеднаш ми рече: „Душо, па ти си била полничка. Воопшто не сум го забележал тоа. Единствено се сеќавам на твоите слатки, полни образи.“

1

Кога сфатив дека нема да можам да родам свое дете, се заклучив во бањата и започнав да липам. Се вратив во реалноста, после неколку часа, кога тој дојде дома, нешто порано од вообичаено и ги виде резултатите од испитувањата. Тивко ми рече: „Злато, заедно ќе го поминеме ова, те сакам!“ Некое време подоцна, веќе бевме во брак и посвоивме дете. Година дена подоца, за некое чудо, останав трудна иако докторите ме убедуваа дека тоа е невозможно. Ете тоа е вистинската љубов.

Се заљубив уште еднаш во него во моментот кога видов како нѐ гледаше мене и нашето бебе денот кога после породувањето, ја напуштавме болницата. Тоа чувство не може да се опише со зборови.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.