Најубавите љубовни филмови за Денот на вљубените по избор на Hybread.mk

0

Бидејќи февруари се смета за месец на љубовта, направивме листа на филмови за оние кои планираат да останат дома на Денот на вљубените.
Па, без разлика дали сте сингл или со партнер добриот филм секогаш е одлично потрошено време.

Покрај тоа, љубовните филмови секогаш го засилуваат интензитетот на роматиката и страста кај луѓето. Може да го искористите овој романтичен период дури и ако сте скарани со момчето.
Добра идеја за смирување, нели?

Погледнете го нашиот избор за најљубовните филмови на кои може да се потсетите токму по повод- Денот на љубовта.

Love Actually 
Се сеќавате на сите овие приказни кои ги поврзува една заедничка сила- љубовта.
9 приказни кои ја објаснуваат моќта на љубовта. Освен  тоа ќе уживате во глумата на одлични актери.

Bright Star
Филмот се темели на вистинска љубовна приказна за поетот John Keast и неговата ќерка Funny Brawne.
Bright Star е приказна што ќе ви го разнежни срцето и ќе ве вивне во светот на љубовта, романса што мора да ја погледнете.

Notebook
Филм за кој не се потребни многу зборови. Notebook се уште важи за еден од најљубовните филмови на сите времиња и никогаш не е досадно да го гледате повторно.

Casablanca
Филмот зборува за Мароко во текот на првите денови на Втората светска војна. Американски иселеник се среќава со поранешната љубовница и почнуваат непредвидени компликации.

One Day
Романтична љубовна приказна која ќе ви го растопи срцето, со Ен Хатвеј во главната улога.
Декстер и Ем на денот на дипломирањето поминуваат една ноќ заедно и се договараат на истиот датум да се среќаваат секоја година и да си раскажуваат што им се случува во живот. Понекогаш се заедно, понекогаш не…

 

P.S I love you
Една млада вдовица открива дека нејзиниот покоен сопруг и оставил 10 пораки со цел да и помогне во олеснување на болката и да започне нов живот. Никој не останува рамнодушен на неговите пораки…

 

City of Angels
Приказна каде што љубовта ја победува бесмртноста.

A walk to remember
Двајца тинејџери кои се комплетно различни, но љубовта и страст ги поврзува за цел живот.

Dear John
Тие се заедно само 2 недели, а тоа ги прави неразделни засекогаш. Аманда Сејфрид и Чанинг Татум во љубовната драма ќе ве остават без здив.

The Vow
Кога 5 години од животот ќе ви се избришат од меморијата, втората шанса може да е пресудна.

Избор на hybread.mk

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.