Најубавите и најпопуларни божиќни саеми во Европа

0

Месец декември им е омилен месец на многумина, мирисот на цимет и греано варено вино е речиси присутен во сечиј дом, а во духот на новата година, улиците на градовите и излозите на продавниците се декорирани со многу украси.

Божиќните саеми се одличен избор на брза заработка, па затоа и многу градови во Eвропа со цел да ги привлечат туристите, вложуваат голем труд во нивно декорирање.

Во Виена, Австрија, првиот саем од овој тип бил организиран пред градската општина и со тоа станал симбол за сите божиќни саеми. Во следните неколку години саемот во Австрија почнал да се шири низ повеќе локации во градот.

Денес, овој саем е најзначајна атракција според бројот на ноќевања и посетеност од страна на туристите.

Традицијата на саеми кои се одржуваат во месец декември доаѓа од германското говорно подрачје: Германија, Австрија, Швајцарија и Алзас во Франција.

Најстариот саем за кој се знае, се одржал во Виена во 1294 година (Christkindlmarkt, Marche de Noel, Weinachtsmarkt).
На овој саем биле продавани домашни производи од селата кои се наоѓале во непосредна близина на градовите. Најчесто се продавала храна, вино и декоративни ракотворби поврзани со божиќните празници.

Во прилог ви ги презентираме најпопуларните божиќни саеми во Европа:

Виена, Австрија

Најголемиот и најубав саем се одржува во неколку локации низ градот. Сите поголеми градови кои сакаат да ги привлечат туристите го следат примерот на овој саем, но тие не знаат еден важен факт. Имено, градот не троши пари на декорација. Во секоја улица една третина плаќаат продавниците, една третина од стопанската комора, а само една третина инвестира самиот град. Најубавите саеми се во Rathaus и Peterskirche, алтернатива на MQ, и најубавите предели во замокот Schönbrunn.

eurotravelogue.com

Нирнберг, Германија

Се зборува дека дека некои штандови се стари повеќе од сто години. Саемот ја задржа традицијата за продажба на ракотворби и се чини дека успешно се бори против продажбата на евтина роба од Далечниот Исток. За многумина овој е еден од најубавите саеми во Европа. Можеби единствениот вистински саем што успешно ја чува традицијата.

blog.eurail.com / Annaberg-Buchholz

Стразбург, Франција

Одамна овој град беше прогласен за “главен град на саеми”. Стариот градски центар (наследство на УНЕСКО) е шарен и убаво украсен и изгледа уште подобро за време на божиќните празници. На најголемиот плоштад на местото Клеибер се поставува огромна елка. А на околу 60 километри од Стразбург се наоѓа гратчето Колмар, кој се смета за најубав саем во малите градови.

 

Прага, Чешка

Плоштадите на стариот град, изобилуваат со варено вино и пиво. Венцеславскиот плоштад знае да биде полн со туристи кои доаѓаат за викенд, што дури едвај може да се помине низ него, но атмосферата е совршена и затоа секој сака да дојде во Прага во ова време од годината. Големата елка се наоѓа до црквата Св. Никола, а веднаш до неа се наоѓа и зоолошка градина.

pragueexperience.com

Минхен, Германија

Големата елка на Marienplatz е опкружена со многу убаво декорирани кабини. Веселите Bavarci и нивните гости го обожуваат овој дел од годината. Многумина бараат начин како преку штандовите да стигнат до нивниот дом или штандовите или пак до новата пивска кригла. Дефинитивно еден од најзабавните саеми во Европа.

projectmi5.com

Будимпешта, Унгарија

Добрата и евтината храна, како и одличните унгарски вина, нема да остават никого ниту гладен ниту жеден. Тука е и лизгалиштето за деца и возрасни, како и прекрасниот божиќен воз.

www.wandertooth.com

Доколку се уште не сте се одлучиле каде ќе ги поминете новогодишните празници, можеби некои од овие саеми ќе го привлечат вашето внимание.

Извор: http://stil.kurir.rs

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот