„Најубавата облека што може да ја носи една жена се рацете на човекот што го сака.“ – Ив Сен Лоран

0

Ив Анри Донà Матју Сен Лоран, познат како Ив Сен Лоран роден 1 август 1936 во Оран, Алжир починал на 1 јануари 2008, бил француски моден креатор, едно од најголемите имиња во модната индустрија.

Пораснал во вила покрај Медитеранот со неговите две помлади сестри, Мишел и Брижит. Ив сакал да изработува сложени кукли од хартија. Во раните тинејџерски години тој дизајнирал фустани за неговата мајка и сестрите. На 18 годишна возраст, Сен Лоран се преселил во Париз и се запишал во синдикалната комора за висока мода, каде што веднаш биле забележани неговите креации.
Уредникот на француското издание на списанието „Вог“, Мишел де Бруноф, го запознал Сен Лоран со модниот креатор и великан во рамките на модниот свет Кристијан Диор.

„Диор ме фасцинираше“, гласела една изјава на Сен Лоран, „Не можев да зборувам пред него. Тој ме научи на основите на мојата уметност. Што и да се случеше понатаму, никогаш немаше да ги заборавам годините кои ги поминав покрај него. “ Под туторството на Диор, стилот на Сен Лоран продолжувал да созрева и сè повеќе бил забележуван.

Во 1985 година Керолајн Ренолдс Милбенк напишала: „Без исклучок најпрославениот и највлијателниот моден креатор во последните 25 години, Ив Сен Лоран, е заслужен за поттикнувањето на модното издигнување од својата пепел во 60-тите, како и за изработувањето на колекциите готови за носење“ .

Лоран е и првиот кој во модната индустрија го вовел женскиот смокинг. За прв пат на неговите модни ревии по пистите зачекориле манекенки од етничко малцинство и е првиот кој внел неевропска култура во својата работа. За неговиот живот се направени 3 документарни програми.

Неколку интересни цитати од Ив Сен Лоран:

„Модата поминува, стилот е вечен.“

„Она што го научив изминативе години е дека не е важен фустанот, туку жената која го носи“

„Стилот е начин на живот.“

„Не смееме да ја споредуваме елеганцијата со снобизмот.“

„Физички ме боли да гледам жена жртва, патетична, по мода.“

„Најубавата шминка на една жена е страста. Но, козметика е полесно да се купи.“

“Најубавата облека што може да ја носи една жена се рацете на човекот што го сака. Но, за оние кои немаат среќа да ја најдат оваа среќа, јас сум таму. ”

„Без елеганција на срцето, нема елеганција.“

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.