Најубавата љубовна порака на сите времиња: За мојата принцеза

0

Честитката која Џони Кеш ѝ ја напишал на својата сопруга Џун Картер е прогласена за најубава љубовна посвета на сите времиња од страна британската асоцијација Beagle Street.

a1ecc7ee1038bf4600cb8f4949993915

„Среќен роденден принцезо. Старееме и се навикнуваме еден на друг. Исто размислуваме. Си ги читаме мислите еден на друг. Знаеме што сакаме без да си поставиме прашање.

Понекогаш, си одиме на нерви еден на друг. Понекогаш можеби се земаме двајцата здраво за готово.

Но, понекогаш, како денеска, размислувам за сè и ми станува јасно колку сум среќен што животот го поминувам со најдобрата жена која некогаш сум ја запознал. Сè уште ме фасцинираш и инспирираш. Правиш да бидам подобра личност. Ти си предмет на моите желби и главна причина заради која јас постојам. Многу те сакам.

Среќен роденден принцезо,

Џон.“

Инаку, писмото е напишано во 1994 година за нејзиниот 65 роденден.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.