Најтешко е да се сака добар маж

0

Добриот маж не е само добар човек, тој прави убави нешта за да Ви докаже нешто.

Љубезноста е дел од неговиот ген и неговиот морален код, вредностите и приоритетите кои ги почитува, секогаш се во склад со неговите лични стандарди. Тој секогаш ќе го направи она што знае дека е добро да се направи.

Тој никогаш нема да ве лаже само за да Ве поштеди од непријатните чувства. Тој можеби ќе каже работи што ќе Ве налутат, но не е возможно да му се налутите на него бидејќи неговите намери се искрени и добронамерни, тој пред се е добар човек.

Добриот маж ќе и се јави и на бившата девојка додека е во Ваше присуство бидејќи тој нема што да крие од Вас. Знае дека таа не би го барала доколку не е нешто важно, а тој како добар човек би направил се што може за да и помогне дури и кога тие постапки не би им изгледале логични на останатите.

Тој секогаш има отворена комуникација, а ниту една жена не би можела да му се налути на таков маж бидејќи во денешно време многу ретко се наоѓаат искрени луѓе. Не е лесно да се биде со човек кој е вистински и во целост искрен, но е вистинска среќа да го имате покрај себе.

Добриот маж се грижи за семејството, за жената покрај себе, тој е нежен, внимателен, секогаш ги има вистинските зборови за утеха, тој сака на сите да им биде добро, никогаш не гледа само за себе бидејќи знае дека благодарение на малите нешта се отвора патот за поголемите работи, затоа е уште потешко да преболите таков човек.

Добриот маж ќе ве промени бидејќи покрај него ќе уживате. Можете со часови да разговарате, него навистина го интересира Вашето мислење.

Таквиот човек може да ви се чини досаден заради неговата добрина, постојано внимание и љубезност, но сепак тоа е она што навистина го посакувате на крајот од денот.

Добриот маж ќе направи се за да ги спречи лошите чувства и способен е да ги препознае сите промени во Вашето расположение, затоа не се ни чудите ако по него ќе ги барате овие квалитети кај сите останати мажи.

Вистината е дека тешко може да наидете добар маж, но подеднакво тешко е и да останете во врска со него, а загубата на таков човек е неверојатно болна и неподнослива.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум,задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.