Најстарото Ferrari во Британија бара нов сопственик

0

Создаден во ерата кога Lamborghini се уште произведуваше трактори, Ferrari Inter Coupe од 1949 -та година претставува „ Светиот грал“ за сите страсни колекционери на автомобили.

Направени се само три примероци во 1947- та година, а во наредните години уште пет, додека остатокот, 21 автомобил се изработени подоцна. Ferrari Inter Coupe е најстариот Ferrari автомобил во Британија.

Возилото е 11- ти автомобил за патување што го произведе брендот, со број на шасија 21, а ако тоа не ви дава никаква смисла, треба да знаете дека Италијанците користат непарни броеви и почнуваат со 001 .

Она што го прави повеќе ексклузивен е фактот што е четврти од десет автомобили со Stablimenti Farina каросерија. И покрај тоа што е многу стар, историјата е добро документирана и започнува од првиот сопственик кој живееле во Милано и кој го купил на 27-ми јули 1949- та година и го продал истата година.

Во текот на 1962- та година Ferrari 166 Inter Couple Stablimenti Farina, што е целосното име на овој автомобил, пренесен е во Хјустон Америка, каде две години подоцна е префлен во Оклахома, потоа во Аскот Англија каде го купува   P. G. Palumbo. Sothesby, а во 1991 година го дава на акција во Монако каде не е продаден, за потоа истата година да е продаден за 83.000 долари.

По таа продажба, продаден е уште 3 пати од 1996-та до 1998- та година, каде е регистриран со швајцарски регистарски таблички. Моменталниот сопстевник го поседува од јануари 2015- та година и сега е во потрага по нов сопстевник.

 


При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар