Најстарите универзитети во Европа

0

Стариот континент отсекогаш го имал приматот кога во прашање е науката. Така, не е ни чудно што и најстарите универзитети биле создадени на европско тло.

Универзитетот во Болоња

Ова е првиот универзитет на европскиот запад, создаден во 1088 година. Универзитетот во Болоња бил силна високообразовна институција која промовирала важни реформи помеѓу двете светски војни, а денес според нивниот модел се моделира образовниот процес во повеќето европски и светски земји.

Bologna-vista02

Универзитетот во Оксфорд

Официјално, овој универзитет е формиран во 1096 година и е најстариот во Англија. Но, традицијата на учењето била нешто постара. Универзитетот во Оксфорд започнал забрзано да се развива откако во 1167 година англискиот крал Хенри II, на англиските студенти им забранил да одат да студираат на Универзитетот во Париз.

o-OXFORD-UNIVERSITY-facebook

Универзитетот во Париз

Се верува дека овој универзитет настанал меѓу 1160 и 1250 година. Често овој универзитет се поврзува со настанувањето на Универзитетот Сорбона (исто така париски универзитет), кој бил создаден од Роберт де Сорбон во 1257 година. Во текот на 1970 година Универзитетот во Париз бил поделен на 13 автономни универзитети. Четири од нив му припаѓаат на Сорбона.

sorbonne

Универзитетот во Кембриџ

Вториот најстар универзитет на територијата на Англија е Кембриџ. Бил создаден во 1209 година, а првите студенти кои го посетиле биле од Оксфорд. Според статистичките податоци на одредени институции, Кембриџ се вбројува меѓу петте најдобри светски универзитети, а најдобар е во Европа. Досега 65 студенти кои дипломирале на Кембриџ освоиле Нобелова награда, нешто со кое не може да се пофали ниту еден друг универзитет.

Cambridge_Peterhouse_OldCourt

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот