Најстарата берберница во срцето на Милано

0

Берберот Дино Кола од Ферара својата берберница- лабораторија „Antica Barbiera Colla“ ја отворил во Виа Манзони во дамнешната 1904 година. Денес таа се уште постои и е најстара и најпозната берберница во срцето на Милано.

Оваа берберница претставува повеќе од 100 години традиција на шишање и обликување на брадата.
Во минатото кога Дино Кола го започнал својот бизнис, неговите клиенти како превозно средство за да стасаат до берберницата ги користеле кочиите водени од коњите.
Благодарејќи на неговиот менаџерски талент, препознатливиот стил и умешноста за добра услуга на своите клиенти, неговата берберница станува една од најпозната во Милано.
luksuz-fancy-24-sata-elegancije_99
По бричење тој користел топли крпи за парење на лицето, а клиентите ги шишал по техниката „sfumatura a candela“ или обликување на косата со помош на свеќа, правел шампони со бадемово масло, јајца, рум и сол.

Како што неговите успеси се зголемувале и станувале насекаде познати, салонот полека почнал да се проширува и да стекнува голема почит во градот.
luksuz-fancy-24-sata-elegancije_1
Според неговите познати рецепти подоцна била созадена цела линија на креми и лусион за нега на кожата и косата. Тоа биле специјално дизјанирани производи „Antica Barbiera Colla“- во ограничен број.

Доколку го посетите Милано, икористете ја приликата за посета и на најстарата берберница во центарот на модата.
Можеби ќе одберте и производ плус за нега на вашата коса.
luksuz-fancy-24-sata-elegancije_2
luksuz-fancy-24-sata-elegancije_5

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.