Најсподелувани инспиративни пораки на твитер и Фејсбук

0

Пријатна колекција од инспиративни пораки за успех кои ќе го променат вашиот живот:

  • „Ако вистински посакуваш успех никогаш не треба да се откажеш од него. Без разлика колку и да е тешко.“;
  • „Преземи одговорност за своите постапки. Запомни дека само ти си одговорен за она што сакаш да го постигнеш и никој друг “;
  • „Не се каам за нештата кои ги имам направено, се каам за нештата што не ги направив кога имав шанса.“;
  • „Предизвиците го прават животот интересен, додека пак исполнувајќи ги, го прават животот значаен.“;
  • „Тешко е да чекаш да се случи нешто што посакуваш да се случи, но, уште потешко е да се откажеш од нешто кога знаеш дека е се што посакуваш. “;
  • „Клучот до успехот е дисциплината. Понекогаш треба само да ги направиш работите без разлика што не ти се допаѓаат.“ ;
  • „Добри нешта им се случуваат на оние кои чекаат… Но, уште подобри работи им се случуваат на оние кои всушност работат на своите идеи.“;

  • „Среќата не се наоѓа попат, не се поседува, не се заработува, не се носи. Таа e духовно искуство, која се доживува секоја минута со љубов, грациозност и благодарност“;
  • „За да успееш, желбата за успех мора да биде поголема отколку стравот од неуспех.“;
  • „Најдобра одмазда е масивниот успех. “;
  • „Заборави ги сите причини поради кои не би успеал и задржи се до единствената причина поради која би успеал.“;
  • „Единствениот начин да бидеш успешен е да се пронајдеш во она што го работиш. Ако сеуште не си се пронашол, не запирај, продолжи да трагаш.“;
  • „Животот е краток, живеј го. Љубовта е ретка, зграби ја. Гневот е лош, батали го. Стравот е ужасен, соочи се. Спомените се драги, цени ги.“;
  • „Животот е како фотографија. Потребни се негативите за да се развие.“;
  • „Не се грижи за неуспесите, грижи се за шансите кои си ги пропуштил, а воопшто не си се ни обидел.“;
  • „Работи на сопствениот сон или некој ќе те вработи да работиш на неговиот.“
  • „Прво правило во животот : Прави го она што те прави среќен.“;
  • „Тргни се од се и секој што те прави несреќен. Животот е премногу краток за да го губиш времето на будали.“

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот