Најславните дизајнери на ентериери од 20-тиот век

0

Доколку сте љубители на убавите простории и ентериерите наместени по совршена мерка, постојат неколку имиња во историјата на дизајнот на ентериери кои би требало да ги знаете. Тоа се дизајнерите кои го одбележаа минатиот век, кои воодушевија многу семесјтва од елитните кругови и чии креации сè уште се инспирација за сегашните дизајнери на ентериери.

Елси де Волф

Таа е позната како првиот американски декоратер. Де Волф го преточила гламурозниот стил на живот во своите ентериери. Студирала во Шкотска, а по враќањето во Америка работела како актерка. Нејзината појава и облека секогаш привлекувала многу повеќе внимание од нејзината глума.

Реновирањето на куќата во која живеела и преобразбата на просторот од куќа во викторијански стил во куќа со модерен изглед и овозможило да добие работа во клубот за декоратери Кони (тој бил прв елитен клуб за уредување и стил наменет само за понежниот пол). Нејзината работа на антивикторијански ентериери кои биле светли, пространи и префинети ја направиле една од најпознатите дизајнерки на ентериери.

1-volf

Жан-Мишел Франк

Уметниците ја добиваат инспирацијата од светот околу нив. Замислете ја аристократската слика за Париз од триесеттите години на минатиот век, кога Франк бил најпознатиот дизајнер во Франција. Неговите проекти подразбирале декорирање на просторот со слики на Пикасо. Го ангажирале славните и богатите.

Тешко е да го дефинирате неговиот стил. Познат е како минималист, но неговата верзија за минимализам е некој сосема поинаков минимализам, својствен само за него. Неговата омилена боја била белата. Франк е дизајнер на едно од најпознатите парчиња во историјата на мебелот – Парсонс столот.

2-mishel

Алберт Хејдли

Симбиоза на гламурот и функционалноста е тешка задача за кој било дизајнер, но, не и за Хејдли. Слободно може да се каже дека тој магистрирал на оваа тема.

„Дизајнот е прашање на дисциплина и реалност, а не на фантазија“ – знаел да каже Алберт.

Станал познат по неговиот модернистички стил, а негов најпознат проект е реновирањето на Белата куќа во време кога Џон Кенеди ја предводел Америка.

Неговота животна филозофија била: „Никогаш помалку, никогаш повеќе!“

hejdli

Дороти Кинкат (Систер Париш)

Оваа дизајнерка е позната по својот надимак, Систер Париш. Иако нејзиниот татко бил колекционер на антиквитети, таа е застапник на американскиот кантри стил кога зборуваме за уредување на ентериери. Нејзиниот стил бил романтичен, топол и елегантен. Таа работела со Хејдли долги години и заедно биле одличен тим на дизајнери. Нивното партнерство се смета за најуспешното во историјата на дизајнот на ентериери.

parish

Дороти Драпер

Двата збора кои ја опишуваат Драпер се елеганција и енергија. Нејзините колоритни ентериери и денеска се инспиративни, а нејзината книга од 1939 година „Decorating is Fun“ преставува Библија за дизајнерите. Таа сметала дека декорацијата на ентериери е забавна, треба само да се има чувство за бои и светло и добро око за баланс помеѓу мебелот и останатите декоративни елементи во домот.

Својот елегантен, модерен барок стил го применила на многу јавни објекти, вклучувајќи и ја кафетеријата во Метрополитен музејот во Њујорк. Некои од нејзините ентериери се класични во црно-бело комбинација, некои се вистинска експлозија од бои: розова, зелена, портокалова, тиркизна… Многумина сметаат дека она што била Коко Шанел за модата, тоа е Драпер за дизајнот на ентериери.

draper 5

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.