Најскапите трансфери во историјата на фудбалот

0

Неодамна заврши зимскиот преоден рок во кој клубовите имаа можност да доведат нови и големи фудбалски имиња во нивните редови. Иако денес, трансферите чинат цело богатство, тоа не било така порано.

Историјата на трансферите започнува со трансферот вреден само 100 фунти во далечната 1893 година, толку го чинело Астон Вила заминувањето на Вил Гровс од Вест Бромвич.

Денеска, на трансферите се трошат огромни суми кои клубовите воопшто не ги жалат во обидот да ги имаат најдобрите.

Па да погледнеме кои се десетте најскапи трансфери во историјата на најважната споредна работа на светот.

  • Кристијано Роналдо за 94 милиони евра замина од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид (2009 година)
  • Герет Бејл преминува од Тотенхем во Реал Мадрид за 94 милиони евра (2013 година)
  • Неимар го напушта Сантос и го наоѓа своето место под сонцето во Барселона за цели 83.5 милиони евра (2013 година)

1d21bd84-87c1-4703-bf08-56e7e0feeadb

 

  • Луис Суарес од Ливерпул се сели во Барселона за 81 милиони евра (2014 година)
  • Колумбиецот Хамес Родригес за 80 милиони евра го напушта Монако и потпишува за Реал Мадрид (2014 година)
  • Кевин Де Брин од Волфсбург преминува во Манчестер Сити за 75 милиони евра (2015 година)
  • Анхел Ди Марија за 75 милиони евра од Реал Мадрид заминува во Манчестер Јунајтед (2014 година)
  • Зинедин Зидан од Јувентус пристигнува во Реал за тогашни рекордни 73.5 милиони евра (2001 година)
  • Златан Ибрахимович го напушта Интер и оди во Барселона за 69.5 милиони евра (2009 година)
  • Кака за 65 милиони евра го смени Милан со Реал Мадрид (2009 година)

Останува да го почекаме летниот преоден рок за да видиме дали ќе се постават нови рекорди во категоријата најскапи фудбалски трансфери.

d3d414ea-ce28-4767-8f71-f28b7271fb31 f840d576-76ed-4d22-a88d-8677e2e38273 fcc0adc5-ef37-4cdb-b22e-ba33fdc6f957c7c2ff41-a4bf-493b-b230-b101d5f30e1c 138a486f-9c18-4581-bd51-adee15b44040 d6d11346-b42c-4a30-8e15-3d5eeb9c937a 95ff9e94-f183-416a-9fb8-5e95ed6f1799e736d104-5cfc-4a18-a22d-5332aebedfb8

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.